МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска има оформено предмет за „фризерница“

Државната комисија за борба против корупција има оформено предмет во врска со случајот за доделување финансиски средства од Европската унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, рече во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

„Стигнати се повеќе пријави кои се однесуваат на работењето на директорката на Агенцијата, мислам околу 5-6 пријави и постапено е по иницијатива по допрен глас од медиуми, што значи дека е оформен предмет и се постапува по тој предмет“, рече Ивановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button