ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска ја отфрлиа жалбата на ВМРО

Комисијата за спречување корупција заклучи дека во случајот на судијата-поротник, кој е член на Партијата на пензионери, во коалиција со СДСМ, нема конфликт на интереси. Прашањето се разгледуваше од страна на Антикорупциска доаѓа по барање поднесено од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија се сомнева во интегритетот на судијата поротник на Кривичниот суд, Митко Сандрев, бидејќи предметниот судија-поротник одлучува за судски случаи против поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата проценуваат дека Сандрев веќе има 60 години и неговиот мандат како судија-поротник треба да заврши. Од Антикорупциска велат дека Законот за избор на судии, во делот на ограничувањата, не се однесува на поротниците. Според нив, законите имаат празнини. Членовите на антикорупциска апелираат до партиите да не ја вклучуваат оваа институција во политички игри.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button