МАКЕДОНИЈА

Апел за помош: Баба сама чува седум внучиња

Економската криза уште повеќе го отежна животот на социјално погодените семејства. Ако порано подадената рака на хуманитарците им го ублажуваше гладот, денес поради високите цени на прехранбените производи оваа помош од ден на ден се намалува. Шќип Велиу вели дека тешко се живее со социјална помош од само 5300 денари.

„Ние сме пет членови, со оваа криза не можеме да врземе крај со крај, никако… Некој ни помагаше, но сега со кризата никој не ни помага. Годинава е проблем, други години помогнаа но цените беа пониски, сега се повисоки. Ништо не можеме .Владата даде 3000 денари, 3 кеси и толку, денес јадеме, утредента не. Што може човек да прави со 3000 денари?, вели Шаќип.

Со помош на хумани луѓе ова 8-члено семејство доби дом, но 63-годишната баба многу тешко ги покрива трошоците за своите 7 внуци сирачиња, кои сама ги чува. Најстарото дете има 14 години, а најмалото само 4. Најголема желба на баба Сејзан е да може да ги нахрани, стопли и да успее да ги воспитува.

„Седум деца и јас осум. Немаат мајка, татко им е во затвор. Родители немаат, јас како стара мајка останав да се грижам за нив, не сакав да ги дадам во сиропиталиште. Здравјето ми е добро, фала богу и се грижам за нив. Соседите ми помагаат, но немаат многу. Цените беа поефтини, сега 50 денари за леб, ама нека јадат, не сакам да спомнувам. Без помош од луѓето кои толку се труделе, некој од устата го одвоил залакот и им го дал. Сирупи за кашлица, затоа што сите се разболуваат со ред, не ти стига сируп за еден ден, земам лекови за да не се разболат децата“, рече баба Сејзан.

Од хуманитарните здруженија велат дека бројот на социјално загрозените семејства од ден на ден се зголемува.

„Во моментов имаме многу повеќе барања – како почнуваат да поскапуваат нафтата, шеќерот и сите производи, имаме повеќе барања, се разбира дека не можат да го остварат тоа со плата или социјална помош, малку ни е проблем со финансиите што ги имаме, мислевме да вметнеме повеќе семејства, но не успеваме. Ништо не сме тргнале од пакетите, но факт е дека имаме пакет од околу 50 евра, сега стана 60, или 65 евра, блиску до 70“, рече Суат Бислими, претставник на Х.О Добрина.

За справување со економската криза Владата одобри мерка со која се предвидува помош од 3.000 денари за социјалните семејства во наредните 4 месеци.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button