СПОРТ

Арбреша Реџепи, единствена атлетичарка Албанка од Македонија на Олимпијадата во Токио

Арбреша Реџепи ќе се натпреварува во дисциплината џудо до 52 кг, откако доби специјална покана од организаторите. За 20-годишната скопјанка тоа било изненадување.

„За кратко време ни беше соопштено дека добив „Вајлд карта“ за Олимписките игри и тоа беше многу големо изненадување. Отсекогаш сум била активна во џудото. Не сум престанала 11 години…“, вели Реџепи.

Арбреша доминираше во натпреварувањата на државниот шампионат, а своето време за тренинзи го помина со косовската шампионка Мајлинда Келменди.

„Долг период бев на тренинг со Мајлинда Келменди и Дритон Кука, многу им благодарам. Тие ми дадоа простор да бидам со нив и ми претставува огромно задоволство, како и на секој спортист, што тренирав со Дритон Кука, Мајлинда Келменди и со сите џудисти од Пеќ кои имаат резултати низ целиот свет“, додава Реџепи.

Неодамна, Арбреша беше во кампот Пореч во Хрватска, каде ги направи последните подготовки пред Олимпијадата.

„…Имам многу емоции зашто учествувам за прв пат. Со нетрпение очекувам да прикажам добри борби и борби кои ќе ме одведат до победата“, рече таа.

Олимписката експедиција на Македонија за Токио ќе замине на 16 јули, а првиот натпревар на Арбереша е закажан за 24 јули.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button