ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска повторно ќе дозволи приватни автобуси низ Скопје

По заканите на приватните превозници дека повторно ќе излезат да ги блокираат улиците на Скопје, градоначалничката, Данела Арсовска, денеска седна со нив. Ги пречека на состанок претставниците на новиот совет на приватни превозници. Средбата траеше околу четири часа, а транспортерите изјавија дека се задоволни.

Приватните превозници велат дека им е ветено решение за долгот од ЈСП.

До четврток ќе има уште една средба на која ќе се разговара за што поскоро враќање на приватните автобуси. Сепак, рок за тоа, засега нема.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button