МАКЕДОНИЈА

Арсовска: Тоа што не се сликаме секој ден не значи дека не работиме

Ако секојдневно не се сликаме и не правиме прес конференции не значи дека не работиме, вели во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. За поделените коментари од граѓаните во врска со дадените предизборни ветувања за екологијата и за градскиот превоз, Арсовска вели дека градот работи на нивна реализација и оти 90 дена се краток перио да се надомести сѐ она коешто не се сработило изминатите децении:

„Ако секојдневно не се сликаме и не правиме прес конференции не значи дека не работиме. Ние работиме, затоа што овие работи најпрвин треба да бидат добро испланирани. Ние имаме иницијален план, но треба во рамките на градската администрација да има соодветна подлога за да може да почнат да се реализираат и притоа да бидат квалитетно реализирани“, рече Арсовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button