МАКЕДОНИЈА

Дехари: Мора да ја зајакнеме локалната власт со носење квалитетни закони

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, во емисијата „Економски магазин“ рече дека општината што ја предводи имала добра соработка со Владата.

Тој оцени дека локалната власт тртеба да се зајакнува со носење квалитетни закони.

„Имавме добра соработка со Владата, иако принципиелно продолжувам да стојам на ставот дека локалната власт треба да ја зајакнеме со носење квалитетни закони и во овој случај неколку пати беше спомнато прашањето за децентрализацијата… овде се занимаваме и со урбанистички планови, каде што во оваа насока мислам дека има потреба општините да имаат поголема моќ за спроведување на урбанистичките планови“, рече Дехари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button