МАКЕДОНИЈА

Арсовска: Време за позитивни промени во Скопје

Скопјани докажаа дека е време за позитивни промени во главниот град бидејќи претходните четири години само се ветувало а ништо не се реализирало. Независната кандидатка за град Скопје, Данела Арсовска по изборниот ден најавува победа во вториот круг, бидејќи на граѓаните им е доста од лажни ветувања.

„Скопје се покажа дека не смее да биде предмет на политика,мора да биде град кој ќе се развива онака како што ние скопјани тоа го сакаме. Видовме што може да направи сегашниот градоначалкник,потроши четири години, а не реализира 5% од она што го вети во 2017 година. Наместо проекти видовме празни ветувања нереални видеа и анимации. Сега е време за промени време е за позитивни промени во Скопје, ви благодарам што сте тука и она што е важно дека денес е нов почеток за следниот круг на овие измори“, рече Арсовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button