ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шилегов: Голема победа во вториот изборен круг

Кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска порача дека во вториот изборен круг ќе извојува голема победа. Според него, во Град Скопје се реализирале голем број на проекти и се решиле децениски проблеми. Шилегов ги повика скопјани масовно да излезат на гласање вториот круг.

„Скопје мора да продолжи напаред и јас силно верувам дека скопјани дека во вториот изборен круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка на политиките што за четири години Скопје целосно го промени. Реализиравме огромен број проекти во интерес на граѓаните, решивме децениски проблеми. Работевме за сите граѓани еднакво и Скопје стана единствен град. Ги повикувам сите граѓани кои поради одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг масовно да излезат и да гласаат“, рече Шилегов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button