ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Артан Груби: Измени во Кривичниот законик бараше и ВМРО

Артан Груби: Измени во Кривичниот законик бараше и ВМРО

Вицепремиерот Артан Груби, оправдувајќи ги предложените измени во Кривичниот законик, рече дека тие се и барање на ВМРО уште од 2018 година. Повикувајќи ја партијата на Христијан Мицкоски да ги поддржи измените, тој ја обвини албанската опозиција дека станала портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Измените во Кривичниот законик се во согласност со правилата на ЕУ, тоа е забрзана постапка и со ѕвезда на ЕУ. Вчера започна постапката во Собранието и немаше политичка партија која беше против. Има и други членови кои се ставени бидејќи и тие беа иницијатива и барање на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Артан Груби, Прв вицепремиер. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button