МАКЕДОНИЈА

Ацевски: Декласифицирање на извештајот за СЈО само по барање на ЈО

Декласифицирањето на конечниот извештај за ревизијата извршена во поранешното Специјално јавно обвинителство би можела да биде спроведена само на барање на Јавното обвинителство, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, првиот човек на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски.

…можеме да ги декласифицираме доколку добиеме барање од Јавното обвинителство. Во моментот кога ќе добиеме такво барање за декласификација на конечниот ревизорски извештај ние ќе го деклласифицираме и со задоволство ќе го споделиме со јавноста“, рече Ацевски.

Инаку, конкретниот наод се однесува на остварување на правото на други надоместоци за шефот на тоа обвинителство и обвинителите. Посочената сума од страна на ДЗР, којашто била поделена по тој однос е околу 4,5 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button