ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автошколите во Тетово без кандидати, болницата не издава потврди поради вирусот

Здружението на автошколи во Тетово реагира на одлуката на тетовската болница со која се прекинува издавањето здравствени уверенија. Тие се жалат дека не можат да работат и бараат од управата на болницата да им се дозволи да вадат здравствени потврди во Гостивар или Скопје.

Advertisements

На над 100 работници им се загрозуваат работните места. Затоа, како автошколи, бараме дозвола за издавање здравствени потврди на други места додека не се смири ситуацијата со Ковид 19. По дозволата, бараме да се овозможи плаќањето да го вршиме онлајн или преку банки, а печатењето и симнувањето на формуларите да го прават самите кандидати. Под три – бараме кандидатите да се третираат на посебен начин за да немаме недоразбирања -изјави Флорент Мустафаи, Здружение на автошколи на Тетово.

Од тетовската болница велат дека забраната е поради влошувањето на состојбата со ковидот и пренасочувањето на здравствениот персонал во ковид центрите. Во однос на барањата на автошколите, велат дека надлежно е Министерството за здравство.

Имаме повлекување од издавањето потврди затоа што сите лекари ги ангажиравме во ковид центрите. Исто така и самото собирање на оние кои доаѓаат по потврди ја усложнува ситуацијата. Сега не е дозволено групирање. Што се однесува до барањето на автошколите за потврди, ние не ја носиме таквата одлука, па тие треба да се обратат до надлежните органи, односно министерството – нагласи Миранда Пајазити, Тетовска клиничка болница.

Поради забраната за издавање здравствени потврди, не може да им се продолжат ниту возачките дозволи на околу 100 професионални возачи на автобуси и шлепери. Блокирана е работата и на автошколите поради забраната за регистрација на нови кандидати.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button