Азири: Средбата Заев-Мицкоски неприфатлива за албанската опозиција, нема да произведе политички ефект

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Елми Азири, поканет во „Емисија 200“, рече дека е неприфатливо во мултиетничка реалност да се одржуваат етнички состаноци и да се носат одлуки за многу важни прашања. Според него, вчера се разговарало за суштинските прашања за меѓуетничката кохезија во земјата и за проблемите за кои албанската опозиција има многу забелешки во текот на овие години.
„За нас, тие како двајца партиски лидери можат да се состануваат секој ден, но нивните состаноци нема да дадат никаков ефект, ниту политички, ниту правен. Ние категорично негираме дека двајца лидери на македонските партии одлучуваат за пописот, особено кога знаеме дека пописот произведува бројки и правно-уставната позиција на Албанците во државата, за жал е ограничена и е поврзана со бројките, затоа велиме дека тој состанок има нема политички ефект“, рече Азири.