СПОРТФУДБАЛ

Баерн Минхен тргнува по украинскиот голман на Реал Мадрид

Украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин, по завршувањето на сезоната би можел да му се приклучи на тимот на Баерн Минхен, пренесува „Дефенса Централ“. Според изворот, ваквиот трансфер би бил врзан со желбата на раководството на баварците да направи комплетна промена откако актуелниот тренер Томас Тухел ќе си замине на лето од функцијата.

Advertisements

Ваквото освежување на голманската позиција ќе биде добредојдено за тимот од Минхен поради тешката повреда на 38-годишниот Мануел Нојер, која ги принудува да бараат негова замена. 25-годишниот украинец се смета за соодветна опција.

Баварците сакаат да потпишат нов голман пред летото 2025 година, кога истекува договорот на Лунин со Реал Мадрид. За да го спречат Украинецот да си замине од тимот како слободен играч, „кралевите“ веќе се обидуваат да го продолжат договорот со него, бидејќи за него интерес има не само од Баерн, туку и неколку други европски гиганти.

Оваа сезона Лунин на 11 натпревари ја сочува мрежата, а на преостанатите 14 натпревари дозволи 22 гола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button