ЕКОНОМИЈА

Банките молчат дали ќе контролираат купување македонски производи

Банките молчат по најавите на власта дека на крајот на годинава треба да им доставуваат извештаи со податоци дали и колку пари се потрошени за купување македонски производи. Наместо одговор, дали банките имаат таков софтвер кој ќе ги евидентира трансакциите на граѓаните и ќе може да ја извести владата дека корисникот на државна помош од шест илјади денари ги искористил средствата или не, од Македонската банкараска асоцијација добивме штур одговор кој не содржи релевантна информација.

„Членките на Асоцијацијата кои ќе потпишат договор за реализација на четвртиот пакет мерки на Владата ќе постапуваат согласно Закон за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, по усвојување на истиот“, наведуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Од Владата денеска за Алсат појаснуваат дека оние граѓани кои не поседуваат платежна картичка, а од државата добиле 6.000 денари за набавка на македонски производи, ќе им биде бесплатно изработена платежна картичка. Начинит на достава, дали на домашна адреса или на шалтер во банка каде што имаат трансакциска сметка, ќе зависи од политика на банката во која корисникот е клиент.

„Доделената поддршка од 6.000 денари нема да може да се повлекува во готово од банките или бакоматите. Рокот за користење на средствата е 25 декември, а средствата кои не се искористени ќе се вратат во Буџетот на Република Северна Македонија“, велат од Владата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими пред два дена посочи дека банките ќе имаат обврска на крајот на годинава да и достават извештај на владата колку од дадената помош за набавка на македонски производи е искористена од страна на граѓаните. Тоа значи дека банките ќе треба да вршат евиденција во трансакциите на граѓаните и  средствата потрошени за домашни производи ќе ги евидентираат и потоа тие податоци ќе ги испратат на Илинденска број 2. По шесет илјади денари според Законот за финансиската поддршка ќе добијат пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени. Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште, деца без родители.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button