КОШАРКАСПОРТ

Барселона и Анадолу Ефес финалисти во кошаркарската Евролига

Барселона и Анадолу Ефес ќе играат во финалето на кошаркарската Евролига. Барселона потешко од очекувањата се пласираше во финалето, совладувајќи ја Олимпија Милано со 84:82. На натпреварот одржан во Келн, Барселона го затвори првото полувреме со водство од девет поени, со резултат 51:42. Но, во продолжението италијанскиот тим се врати во игра, израмнувајќи ги бројките и потоа создаде предност од осум поени. Во четвртата четвртина Барселона повторно беше доминантна, а во последната секунда од средбата, Кори Хигинс ги постигна победничките поени за Барселона. Најзаслужен за победата и квалификување во финалето на Барселона беше Миротиќ со 21 поен, а кај Олимпија се истакна Милан Пантер со 23 поени. Во утрешното финале, Барселона игра против Анадолу Ефес, кој ја победи ЦСКА Москва со 89:86.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button