ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бектеши кажа кога може да се очекува зголемувањето на минималната плата

Министерот за економија, Крешник Бектеши, поканет во „Економски магазин“ што вечерва се емитува на  Алсат најави зголемување на минималната плата во вториот квартал од 2022 година. Според него, минималната плата во моментов е над 15 илјади денари, додека во вториот квартал од 2022 година се очекува оваа плата да достигне 18 илјади денари.

„Минималната плата е значително зголемена од 2017 до 2022 година, имајќи предвид дека минималната плата беше само 9 илјади денари, во моментот кога зборуваме минималната плата е над 15 илјади денари. Нашите планови се минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари во наредниот период, но малку го продолживме рокот, со оглед дека во првиот квартал од 2022 година треба да се менаџира состојбата со енергетската криза, да не биде дополнително оптоварување за компаниите, во вториот квартал во 2022 година, доколку се исполнат сите проекции и анализи на експертите, но и на институциите, каде негативното влијание од енергетската криза ќе се намали, тогаш поверојатно ќе одлучиме за зголемување на минималната плата. Во вториот квартал од 2022 година ќе се донесе одлука за зголемување на минималната плата“, изјави министерот Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button