ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Не се разговара за купување гас од Србија, туку за размена на енергенси

Во преговорите за снабдување со гас, коишто периодов се спроведуваат со Србија, не станува збор за купопродажба туку за размена, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за економија, Крешник Бектеши. Како што вели тој, крајната цел е поевтина топлинска и електрична енергија.

„Тука не зборуваме ниту за купување ниту за продажба, тука се зборува за размена. Ние како држава имаме интерес да имаме природен гас со пониска цена затоа што ќе имаме пониска цена и за топлинска енергија, а воедно и за електрична, која ќе можеме да ја понудиме на граѓаните. Дел ќе ѝ ја понудиме на Србија, дел ќе го користиме за нашите потреби“, рече Бектеши.

Станува збор за процес во кој Србија би доставувала гас до ТЕТО, таму ќе се произведува топлинска енергија и струја и Македонија ќе ѝ враќа струја на Србија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button