СПОРТФУДБАЛ

Бензема се врати во екипата, co инсистирање на властите на Саудиска Арабија

Карим Бензема е вратен во составот на Ал Итихад, на инсистирање на луѓе од државниот врв на Саудиска Арабија. Французинот беше надвор од тимот од новогодишните празници, задоцни две недели на подготовките, а тренерот Марсело Гаљардо потоа одби да го врати во екипата во пресрет на продолжението од сезоната.

Постоеја шпекулации дека Бензема може да го напушти Ал Итихад, па дури и Саудиска Арабија бидејќи имаше понуди од неколку европски и американски клубови.

Властите на азиската држава, сепак, ги испеглаа разликите меѓу Бензема и Гаљардо. Двајцата мораат да соработуваат за да не се наштети на имиџот на Саудиска Арабија која последните години имаше огромни вложувања во фудбалот. Најскапиот фудбалер во тимот се врати на тренинзите и ќе биде во комбинација за натпреварите што следуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button