РЕГИОН

Со свирежи и транспаренти од опозицијата, конституирано Собранието на Србија

Со свирежи од опозицијата помина конститутивната седница на Собранието на Србија на која беа потврдени мандатите на пратениците во новиот парламент.

Опозициските пратеници беа пред говорницата со транспаренти на кои пишуваше „Ги украдовте изборите“ и „Крадците ги вратија мандатите“.

MITAR MITROVIĆ / RINGIER

Опозициската листа „Србија против насилство“ тврди дека декемвриските избори биле нерегуларни, што власта го негира.

Седницата траеше околу половина час. За тоа време само се потврдуваа мандатите и пратениците дадоа заклетва. Претседавачот ги информираше дека ќе бидат известени за продолжението на седницата.

Во продолжението на првата седница, која не мора да биде во ист ден, пратениците треба да изберат претседател и потпретседатели на парламентот, да го назначат генералниот секретар, да изберат членови на работни тела, како и членови на постојани парламентарни делегации во меѓународни институции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button