ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕСА продолжува да го условува внесувањето на Бугарите во Уставот

БЕСА продолжува да го условува внесувањето на Бугарите во Уставот

Движењето БЕСА ќе ги поддржи уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот, но само ако при тоа се отстрани фразата „20 отсто“ од Уставот и ако власта се согласи на предвремени парламентарни избори. Првиот човек на БЕСА, Биљал Касами во емисијата „360 степени“ на Алсат рече дека доколку власта сака да има уставни измени, прво мора да има договор за одржување на предвремени избори.

„Сметаме дека ако Владата сака да направи уставни измени во овој формат, тогаш мора нешто да понуди, а она што го бара опозицијата, во случајов Движењето БЕСА, се предвремени избори. Значи, ако оваа Влада сака да направи уставни измени треба да седне со нас, а ние велиме дека се согласуваме дека во овој формат на Влада може да се зборува за уставни измени, но во исто време да се договориме за предвремени избори“, изјави Биљал Касами, претседател на движењето Беса.

Коментирајќи ја средбата на лидерите на албанските партии во Тирана, Касами рече дека нема проблем да седне и да се сретне со секој од нив, но не може да се согласи на здравици во време кога граѓаните се соочуваат со проблеми.

„Сметаме дека по 20 години власт на Али Ахмет и ДУИ на чело со Артан Груби, цениме дека не треба да седнеме со нив да вечераме, да наздравуваме и да разговараме за опуштени теми во време кога нашите граѓани се во длабока економска криза“, рече Биљал Касами, претседател на движењето Беса.

Касами рече дека албанските партии треба да се сретнат за да разговараат и да видат до каде е имплементацијата на заедничката декларација потпишана во 2016 година со чија имплементација се решава проблемот за целосна јазична еднаквост на Албанците во Македонија.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button