ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Жителите на Бутел без соодветни здравствени услуги

Жителите на Бутел без соодветни здравствени услуги

Нефункционирањето на модуларната амбуланта ги принудува жителите на општина Бутел да талкаат во потрага по здравствени услуги. Спас бараат во објектот на Здружението на пензионери, каде условите за работа се многу тешки.

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски останува на ставот дека прво треба да се дислоцира модуларната амбуланта за да се ослободи простор за реализација на проектот за изградба на поликлиника.

Од Министерството за здравство одговорија дека модуларната поликлиника во Бутел е веќе завршена. Во завршна фаза било приклучувањето на водоводна и канализациона мрежа. Според министерството, потоа следува технички прием и пуштање на објектот во употреба. Во меѓувреме, за плановите и барањата на градоначалникот на општина Бутел, од Министерството за здравство велат дека се испитуваат просторните и финансиските можности за реализација на ваков проект.

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button