МАКЕДОНИЈА

Без вода делови од Драчево и Горно Лисиче

Прекинато водоснабдување денеска од 10:45 часот имаат корисниците во дел од улиците „Речиште“, „Илија Ристовски“, „Сердарот“ и „Јустинијан Први“ во населбата Драчево и „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче.

Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека причина за прекинот на водоснабдувањето во делови од Драчево е уличен дефект ф- 100 мм на ул. „Речиште“ бр. 54, а во делови од Горно Лисиче е дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул.„Божидар Рајковиќ“ бр. 7.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button