ВЕСТИСВЕТ

ФБИ заклучи дека Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на сетот на Rust

Истрагата на ФБИ покажа дека Алек Болдвин навистина го повлекол орозот на пиштолот со кој беше убиена снимателката Халина Хачинс.

Таа беше случајно застрелана на сетот на филмот Rust во Санта Фе, Ново Мексико, во октомври 2021 година, а ФБИ сега заклучи дека Болдвин (64) сигурно пукал од пиштолот.

Пиштолот-реквизит требаше да биде наполнет со лажни куршуми. Болдвин претходно негираше дека го повлекол чкрапалото.

Сепак, според форензичкиот извештај до кој дојде Еј-би-си њус“, пиштолот не можел да биде испукан доколку не се повлече чкрапалото.

Инспекторите го тестирале пиштолот на различни начини за да видат дали можат да го испукаат оружјето без да го користат орозот. Но, на крајот, тие заклучиле дека тоа едноставно не е можно.

Во извештајот смртта на снимателката е окарактеризирана како несреќен случај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button