ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Билатералниот проблем со Бугарија станува проблем помеѓу Македонија и ЕУ, вели Мицкоски и најавува протести низ државата

Од високи дипломатски извори од Брисел и од официјална Софија дознаваме дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што додаде тој, билатералниот проблем којшто го имаме со Софија, ќе се претвори во проблем помеѓу Македонија и Европската Унија.

„Билатералниот проблем којшто го имаме со Софија, а се однесува на посебноста на македонскиот народ, култура, традиција, обичаи, македонскиот јазик, антифашистичката борба, сите проблеми содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент, ќе бидат проблем којшто ќе го имаме ние со ЕУ, односно од билатералниот проблемот ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и ЕУ“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата од утре, па сѐ додека власта на ја објави пред јавноста содржината на документот за кој се преговара, ќе го блокира Скопје на 3 места, но и други 10 градови во државата, во периодод од 15 – 17 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button