ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Било – поминало“, власта не бара одговорност од директорот на албанскиот Ансамбл

„Било - поминало“, власта не бара одговорност од директорот на албанскиот Ансамбл

Министерството за култура не смета дека е разумно да се бара одговорност за злоупотребата на пари од страна на директорот на Ансамблот за албански песни и ора, Шкодран Толај. Ваквата состојба ја утврдила внатрешната комисија на Министерството. Министерката Бисера Костадиновска Трајчевска вели дека сè што се случувало до 2021 година е затворено, а тие може да постапат само ако некој пријави.

По контролата на внатрешната комисија на Министерството за култура, две години по ред биле констатирани финансиски неправилности од страна на директорот Шкодран Толај.

Беа констатирани и проблеми во неговите документи за образование. За тоа министерката вели дека не треба да проверува дали директорот Толај има соодветна образовна квалификација за функцијата. Одговорноста ја префрла кај поранешните министри за култура.

Според документите до кои дојде Алсат, факултетската диплома и магистратурата на Толај имаат два различни датуми на раѓање.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button