Регулаторната комисија за енергетика нема да дозволи ново поскапување на електричната енергија. Во интервју за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека во јуни или во јули ќе се донесе одлуката за нова цена на струјата. Бислимовски уверува дека ќе ги преземат сите механизми кои се на располагање и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија. Дополнително, регулаторот очекува дека скопјани следната грејна сезона ќе плаќаат поевтини сметки за парно греење. Компанијата „БЕГ снабдување“ треба да направи порамнителни сметки за да се види дали авансните сметки што досега ги плаќаа потрошувачите ќе се намалат или ќе се зголемат. Според првичните пресметки на Регулаторна, порамнителните сметки ќе бидат за одреден процент намалени.
Read Next
May 18, 2024
Срцевите болни со механичка потпора, плаќаат високи трошоци
May 18, 2024
Прегласување ќе има- ДУИ може да остане без два мандати
May 18, 2024
Управен суд ги одби тужбите на Европскиот фронт
May 18, 2024
Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра
May 18, 2024
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
May 18, 2024
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
May 18, 2024
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
May 17, 2024
Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
May 17, 2024
ВЛЕН: Ги обвини Талат Џафери и Бујар Османи дека се мешаат во правосудниот систем вршејќи притисок врз управните судии да ги прифатат нивните тужби
May 17, 2024