Бочварски: Автопатот Скопје – Блаце ќе се изгради за три години

Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски со нов краен рок за автопатот Блаце – Скопје. На средбата со неговиот косовски колега во Приштина Бочварски открива дека има проблеми со градежните работи на дел од трасата и затоа веќе се прават нови проекти за дел од автопатот. Неговото оптимистичко сценарио е дека по автопат до Косово ќе се патува најдоцна за три години.
„Бидејќи имаме сериозен терен и одредени проблеми на трасата кои што се јавија на самата траса на делницата од Скопје кон граница со Косово. Имаме одредени изместувања, по завршувањето на проектирањето очекуваме успех.
Двајцата министри се договориле дека во рок од три години Македонија и Косово ќе имаат една заедничка граница. Целта е подобра економска соработка и побрз проток на лица и стоки.
„Ќе се дискутира на наредна седница помеѓу двете влади, тоа е со висок приоритет, заедничката граница помеѓу Косово и Северна Македонија, која ќе влијае на луѓето и бизнис заедницата кои ќе го користат овој пат, нема да чекаат како што го прават сега и нормално ќе ги помага бизнисите од двете страни, и реализација на овој проект за три години. “
Освен проекти од инфраструктурата на средбата се разговарало и за енергетско поврзување помеѓу двете земји, како со електрична енергија така и преку гасоводни системи. Инаку, Косово е една од ретките земји со кои Македонија има суфицит во трговската размена. Податоците велат дека од јануари до август годинава обемот на трговска размена на Македонија со Косово изнесувала 168,5 милиони евра што во споредба со лани има намалување за близу 50 милиони евра. Извозот од земјава во Косово изнесувал речиси 150 милиони евра а од Косово се увезувала стока вредна без малку 20 милиони евра.
Ile Petrevski