МАКЕДОНИЈА
Бочварски за автопатот Скопје – Блаце: Проблемите се надминати продолжуваме со реализација

Проблемите коишто се јавија во проектот за автопатот Скопје – Блаце се надминати и работите продолжуваат, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Како што додава тој, очекувањата се дека годинава треба да започне и втората фаза од проектот.
„Првата делница од автопатот Скопје – Блаце ја започна оваа влада и очекуваме оваа година да започне тендерската постапка за втората фаза на Скопје – Блаце. Проблемите во проектот коишто се јавија се надминати, се направи нова тендерска постапка и работите продолжуваат“, вели Бочварски.