ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наутро студено, преку ден претежно сончево со температури до 18 степени

Денеска времето во земјава наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец кој ќе биде поизразен во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус пет до нула Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од променливо правец.  Минималната температура во главниот град ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне 17 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button