МАКЕДОНИЈА

Боки 13 и неговиот татко отстранети од судењето за „Меѓународен сојуз“

Шоу во судница за случајот „Меѓународен сојуз“. Боки 13 и татко му Миле Јовановски беа истерани од судница, поради недолично однесување. Боки, од стартот на денешното рочиште беше во конфликт со судијата. Беше опоменат неколку пати, па отстранет. На излегување, дофрли.

„Ви претат министри и премиер дека ќе ве разрешат затоа сте сервилни“…

Пред, Боки, судницата ја напушти татко му. Реагираше, зошто обвинителството според него презентирало докази од приватни разговори на Боки 13.

„Нешто многу ви се брза, времето куца? Како не ви е срам“, рече Миле Јовановски.

Обвинителството, денеска презентираше докази од комуникација помеѓу Боки 13 и бизнисменот Ардијан Амзовски. Амзовски му се заблагодарува на шоуменот оти СЈО го повлекол предметот што се водел против него. Во друга порака Амзоски бара Боки да му врати пари или над 250 илјади евра. Освен со бизнисменот, Бојан Јовановски барал средба со премиерот Заев, а имал неуспешен обид да се сретне и со Александар Кирацовски. Адвокатите тврдат дека телефонот на Боки 13, обвинителството не го дало на вештачење.

„Се што е презентирано досега, оди во корист на обвинетиот. Ако е тоа целта на обвинителството јас ќе се согласам со тоа“, рече Сашо Дуковски, адвокат на Боки.

Во „Меѓународен сојуз“ освен Боки и татко му, обвинети се уште две негови помошнички како и поранешната пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски. Според обвинителството, Боки преку измама на двајца бизнисмени им земал речиси еден милион евра за изградба на наводни старски домови.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button