ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Борел на средба со Османи: Со нетрпение ги очекуваме првите Меѓувладини конференции

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, на Твитер напиша дека Северна Македонија е цврсто на својот пат кон ЕУ.

Како што кажа тој, нивниот став е непроменет, како за Македонија, така и за Албанија. Земји кои, според него, дале многу и очекуваат што поскоро да ги одржат првите Меѓувладини конференции.

„Северна Македонија е силно закотвена на својот пат кон ЕУ. Нашиот став останува непроменет – и Северна Македонија и Албанија дадоа многу и очекуваме што поскоро да ги одржиме првите Меѓувладини конференции. Ова утрово повторно му го потврдив на министерот Бујар Османи“, напиша Борел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button