ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Вархеји oчекува брз прогрес и прва меѓувладина конференција до крајот на годината

Еврокомисарот за проширување Оливер Вархеји очекува брз прогрес во преговорите меѓу Скопје и Софија со цел до крајот на годината официјално да почнат преговорите за зачленување на С Македонија и на Албанија во ЕУ. Пристигнувајќи на заседанието на Советот на министри за надворешни работи кое се одржува денеска во Брисел, а каде една од темите е Западниот Балкан, Вархеји го изрази својот оптимизим дека отворените прашања ќе бидат решени.

„По избори во Бугарија и во Северна Македонија се надеваме на брз прогрес на тој план. Од наша страна ние веднаш ќе продолжиме со ангажманот за да се финализира отвореното прашање околу првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија до крајот на оваа година“, рече Вархеји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button