ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Борел не може да даде ветување за почеток на преговори во јуни

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, не може да даде ветување дека земјава во јуни ќе ги започне преговорите за влез во ЕУ. На неговата денешна прес конференција со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, Борел повтори дека местото на земјава е во ЕУ и оти Брисел прави сѐ што може преговорите да започнат на следната меѓувладина конференција.

„Местото на С Македонија е во европското семејство. Ветување? Не можам да ветам. Но, можам да ве уверам дека чиниме сѐ што можеме за пристапните преговори со Албанија и С Македонија да започнат на следната меѓувладина конференција затоа што тоа е приоритет за ЕК и но за мене“, рече Борел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button