ВЕСТИСВЕТ

Британците веќе вакцинираа десетици илјади граѓани, за три недели примаат и втора доза

Десетици илјади Британци веќе ја добија првата доза на Pfizer и BioNTech против коронавирус, објави доцна синоќа министерот за здравство, Мет Ханкок.

„До денес, започнавме вакцинирање во 73 болници низ Велика Британија и десетици илјади луѓе се вакцинирани“, рече Ханкок на прес-конференција.

Маргарет Кинан, 90-годишна Британка, во вторникот стана првата личност во светот што примила одобрена вакцина како обичен граѓанин, а не како учесник во клиничките испитувања, со што Велика Британија стана првата западна земја што започнала со вакцинирање на својата популација.

Вакцината Pfizer и BioNTech се дава во два наврати, така што оние кои веќе биле вакцинирани чекаат три недели за втората доза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button