ВЕСТИРЕГИОН

Брнабиќ: Белград е блиску до одлука да побара враќање на војската на Косово

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти ги довел Србите и Албанците „на самиот раб на војна“ и најави дека поради тоа Белград е блиску до одлука да побара враќање на своите војници на Косово и Метохија во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

„Секојдневно не се крши само бриселскиот, туку и кумановскиот договор. Блиску сме до барање за враќање на нашите сили на Косово според резолуцијата 1244, бидејќи КФОР не си ја врши работата. Србите не се чувствуваат безбедно, вклучувајќи ги и децата во градинките“, изјави денеска Брнабиќ.

Брнабиќ додаде дека претседателот на Србија Александар Вучиќ во текот на денот ќе изнесе детали за ова.

Таа оцени дека се што прави Курти е опасност за Србите и Албанците, но и за Европа.

„Тоа е политика од 18 и 19 век. Тоа предизвикува чувства на очај. Исклучително сум загрижена и ми беше тешко да заспијам минатата ноќ. Неговата единствена политика е да предизвика конфликт, за луѓето таму да не прашуваат зошто живееме така. Тој со тоа ја ризикува судбината на сите луѓе во Западен Балкан. И сите громогласно молчат“, предупреди таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button