Бројни политички реакции и меѓусебно обвинување од страна на политичките партии
Бројни политички реакции и меѓусебно обвинување од страна на политичките партии
Премиерот Христијан Мицкоски, цврст во својот став, прстот за синоќешните случувања го впери кон поранешните функционери, без да именува некој. Според него дејствијата се на мала, изолирана и манипулирана група.
ВЛЕН ги повика граѓаните да не станат плен на провокациите, додека пак спикерот на Собранието Африм Гаши повика на меѓусебно почитување на националните чувства.
„Со почитувањето на нашите знамиња можеме да покажеме чувства на патриотизам, но со оцрнување или газење или палење на други знамиња, тоа зборува лошо за секој човек кој прави таков чин. Јас сум против тоа. Мислам дека секој човек што прави такво дејство постапува спротивно на интересите на оваа држава и на националните интереси, било албанска, македонска или друга заедница“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.
Откако вчера од ВМРО-ДПМНЕ директно ги обвинија дека поттикнуваат одредени групи, ДУИ за случувањата ја обвини власта.
„Грешка на МВР е да им забрани на граѓаните да слават на плоштадите, особено на плоштадот на град Скопје, но имавме случаи и на плоштадот во Куманово, а како одраз на таквите постапки, разни граѓани со поединечни дела направиле грешки во однос на државното знаме, но не само тоа, се случуваат и дела против националното знаме на Албанците како одмазда. Изјави, дела, од страна на власта за поларизација на прашањата во државата, но и за меѓуетничката поделба, кое го прават посебно во последните месеци не доведуваат до ваква ситуација“, рече Крешник Бектеши, ДУИ.
Оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и разрешување на директорот на БЈБ, Александар Јанев побара СДСМ.
Остар во реакцијата беше и првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски
„За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда. По оваа денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса? Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш“, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.
За вчерашните случувања реагираа и другите партии, како Алијанса за Албанци, ЛДП и Левица./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши