ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се чини дека прославата за 28 Ноември во Скопје излезе од контрола

Се чини дека прославата за 28 Ноември во Скопје излезе од контрола

Блокирани улици, свирежи, пеење и играње по улиците, пукотници и огномет. Вака се славеше 28 Ноември – Денот на знамето во Скопје.
Не изостанаа ниту провокациите.
Според видеата кои кружат на социјалните мрежи, ситуацијата кулминираше кога група млади момчиња го тргнаа и искинаа македонското знаме на Бит Пазар.
Некој со мотори. Други со автомобили се движеа бавно, повремено застанувајќи на улиците да пеат и играат. Долгите колони на граѓани кои славеа низ улиците со часови го блокираа главниот град
Дел од раскрсниците во градот беа блокирани од страна на полицијата со цел да се спречат граѓаните да одат кон центарот и владата, а тоа доведе до колабс на сообраќајот. Денот на албанското знаме синоќа беше одбележан и во неколку други градови низ државата./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button