ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од понеделник почнуваме со имплементација на планот против сите судии и обвинители кои го заробиле судскиот систем

Мицкоски: Од понеделник почнуваме со имплементација на планот против сите судии и обвинители кои го заробиле судскиот систем

Не функционираме како естрада и јас сега нема да кажувам пред камери и медиуми или да носам специјални полициски единици и да понижувам луѓе. Имаме план и од понеделник почнуваме со имплементација на планот, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавената робусна акција против сите судии и обвинители кои го заробиле судскиот систем. Премиерот порача дека трпение повеќе нема да има.
„Доволно беш чекање, чекавме дадовме шанса, доволно беше. Очигледно дека прежостоки се нападите наеднаш на дијареа, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност и така натаму кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата, кај поедини обвинители, за жал„, рече Христијан Мицкоски, премиер.

Advertisements

Токму во врска со овие обвинувања дека секогаш кога треба да постапуваат обвинителите се болни, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, тврди дека тоа е само еден случај кога обвинителот имал вирус.

„Ако се однесува на тој еден случај, тоа беше некаде пред дваесетина дена кога предметниот обвинител имаше вирус и не можеше да дојде на предметниот состанок и истиот се одложи за три, четири, пет дена, со тоа што присуствуваше после и од тогаш до денес има одржано неколку состаноци со надлежните служби од полицијата за евентуална координација на одредени предмети„, рече Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител.

На прашањето пак дали очекува да биде сменет поради забелешките за работата на обвинителството, Коцевски рече дека тој ќе продолжи професионално да ја врши работата, а ако имало пропусти тоа ќе треба да се санкционира согласно законот за јавно обвинителство. Мицкоски и вчера од собраниската говорница рече дека неколку стотици случаи од МВР и финансиската полиција се наоѓаат во обвинителството и по нив не се постапува. Прстот во обвинителството го впери и за случувањата во судскиот совет, нагласувајќи дека има информации за фалисфикувани записници во советот, но дека обвинителството тоа не го проверува./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button