ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија останува на став, Македонија да ги прифати нејзините барања за во ЕУ

Fatlume Dervishi

Земјите-членки на Европската унија почнаа да ја разбираат позицијата на Бугарија во однос на С. Македонија, изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев. Во изјава за БНТ, Јанев рече дека актуелната извршна власт во Софија не направила доволно за да ги објасни барањата на Бугарија пред меѓународните претставници.

„Позицијата на Бугарија не им е добро соопштена на нашите партнери во Европската унија. Сега имавме средби со европски претставници кои ни рекоа дека не сме ја слушнале вашата теза порано, сега ја слушаме, почнавме да ја разбираме, но ни треба повеќе време да ја разбереме.“

Јанев рече дека бугарската позиција останува непроменета и во иднина.

„Нема да се откажеме затоа што се работи за бугарските национални интереси, се работи за основните принципи на формирањето на Европската унија и тие имаат врска со правата на граѓаните на една земја-членка, Копанхагенските критериуми и принципи на кои функционира ЕУ.“

Бугарскиот претседател Румен Радев пак, имаше телефонски разговор со комесарот за проширување Оливер Вархеји, во кој ги изразил очекувањата дека дијалогот со С. Македонија ќе донесе конкретни резултати. Радев во телефонскиот разговор истакнал дека Софија е отворена за дијалог, поставил јасни услови и притисок за вистински одговор и постапки од С. Македонија. Остануваат помалку од три недели до следниот самит на ЕУ. Временската рамка за евентуален договор меѓу Скопје и Софија е многу тесна.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави поголема посветеност на Франција и ЕУ кон регионот на Западен Балкан, но за следните месеци. Овој коментар Макрон го даде од Хрватска каде е во официјална посета.

„Она што ќе го направиме во наредните месеци е дека навистина ќе се обидеме да направиме повеќе за да ја стабилизираме ситуацијата меѓу Бугарија и Северна Македонија.“

Засега нема најави за какви било политички средби на претставници на Скопје и Софија пред самитот на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button