ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи е поголем оптимист од политичарите во Бугарија за деблокирање на преговорите со ЕУ

Mefail Ismaili

И покрај тоа што победниците на изборите во Бугарија велат дека 14 декември е нереален датум за постигнување договор со Северна Македонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи е поголем оптимист. Тој вели дека најавите од Бугарија за порационален пристап се сигнали за надминување на разликите што постојат меѓу двете земји. Според него, не е важно дали земјата ќе го добие датумот точно на 14 декември, туку важно е тоа да се случи што поскоро.

“…. денес го потврди и министерот на Австрија, но и во институциите на Европската Унија ја видов оваа заложба дека декември ќе биде датумот. Но, дали декември ќе биде или две недели подоцна, или две недели порано, или еден месец подоцна, ќе зависи од тоа кога Република Бугарија ќе има влада “.

Австрискиот министер за надворешни работи Михаел Линхарт, кој беше во официјална посета на земјава, изјави дека се залагаат земјата да добие датум за почеток на преговорите во декември.

„Посветени сме на итен почеток на преговорите во декември, има сигнали за можности за двете страни. И за Северна Македонија и за Албанија, но и за Европската Унија, но и за нашите партнери во Европската Унија. Се надевам дека преговорите ќе започнат во декември “

Но, претседателот Стево Пендаровски вели дека доколку Бугарија не успее да го конституира Собранието до 14 декември, тешко е дека нашата земја може да добие зелено светло.

Советот за општи работи на Европската унија ќе се одржи на 14 декември, кога Северна Македонија и Албанија очекуваат позитивни сигнали за преговорите.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button