ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи, оствари средби со жителите на Охрид

Бујар Османи, оствари средби со жителите на Охрид

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, во рамки на предизборната кампања оствари средби со жителите на Охрид. Османи истакна дека граѓаните на овие избори мора да изберат меѓу две алтернативи, интеграција или изолација, соживот или тензија на меѓуетничките односи и напредок или назадување.

„Имаме политичка партија која сака 61 пратеник за да не исклучат од одлучувањето. Јас денеска и испратив порака на мојата противкандидатка Гордана Силјановска, дури и ја потсетив на Кривичниот законик кој вели дека во мултиетнички држави да барате 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, да ги исклучите Турците, Бошњаците, Ромите од одлучувањето, тоа не е ништо помалку од целосен шовинизам, тоа е етноцентризмот кој настојува да ги уништи меѓуетничките односи. Европскиот фронт го нуди спротивното, ги собра сите заедници за да се одржи хармонијата, да се зачува соживотот и да се гарантира европската иднина“,  рече Бујар Османи, кандидат за претседател.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button