СПОРТФУДБАЛ

Медиумите, Мбапе на реваншот ќе “гине” за да ја елиминира Барселона

Hикој во ПСЖ не се сомнева во пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, тврдат француските медиуми.

“Лекип“ тврди дека Мбапе бил бесен како рис поради своето очајно издание и на сите во соблекувалната им се извинил и им ветил дека на реваншот ќе „гине“ за да ја елиминира Барселона.

Францускиот репрезентативец има добри спомени од Барселона, но од “Камп Ноу”, а реваншот во вторник нема да се игра на тој стадион затоа што се реновира.

Пред три години, во главниот град на Каталонија, тој постигна хет-трик и практично сам ја елиминира Барса во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button