ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи со оценка: Се ладат емоциите за влез на Бугарите во Уставот

Бујар Османи со оценка: Се ладат емоциите за влез на Бугарите во Уставот

Комисијата за историски прашања сè уште не расправала за Гоце Делчев. Ова го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ги отфрли тврдењата на опозицијата дека оваа тема е веќе исцрпена на средбите во последните неколку дена. Османи додаде дека ќе се формира посебен Секретаријат за историската комисија кој ќе ѝ помогне на комисијата за историски прашања со Бугарија за подобра подготовка. Шефот на дипломатијата е убеден дека во последно време се заладуваат емоциите и се намалува негативниот дискурс на тема уставни измени. Тој смета дека овој процес може дури и да биде завршен побрзо од првичниот план.

„Сè додека овие 12-13 месеци, нешто повеќе од една година, од процесот на скрининг, мора прво да ги објасниме сите аспекти на компромисот со граѓаните, да ја стекнеме нивната доверба, а потоа во втората фаза да почнеме со политичките партии и со пратениците и сигурен сум дека пред да истече потребниот рок ќе имаме уставни измени“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Објаснувачкиот скрининг официјално започна вчера во институциите на ЕУ. Тимот делегиран од земјава го предводи вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој во текот на денот беше на средба со претставници на ЕУРОСТАТ во Луксембург за важноста од ажурирањето на статистиките и податоците од пописот на населението./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button