СПОРТ

Бузалковски со бронзен медал на европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионат

Видеолотарија Касинос Австрија се радува на најновиот успех на македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски. Тој освои бронзен медал на Европскиот ФИМ ЕВРОПА СТК1000. Горди сме што брзо го препознавме неговиот потенцијал.

Видеолотарија во своите заложби за поддршка на македонскиот спорт, го препозна потенцијалот  на  македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружението Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ TEAM Скопје. Веќе две години, застануваме зад него, овозможувајќи му да постигнува успеси на меѓународни шампионати. Токму и затоа силно се радуваме на неговиот најнов успех во брзински мотоциклизам.

Талентираниот мотоциклист Христијан Бузалковски го освои бронзениот медал на Европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионат на кружни патеки во Гробник, Хрватска. Ова е историски резултат. Бузалковски е првиот Македонец со ваков фантастичен резултат.

„Чест и задоволство беше да се бориме со тимовите и да се вметнеме помеѓу најдобрите, и покрај тоа што  немав доволен тренинг на  патеките кои се возеа, од причина што секоја од нив е на над илјада километри. Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија затоа што ми ја дадоа својата доверба.  Ќе направиме мала пауза, па потоа започнуваме со подготовки за следната сезона!“, споделува Бузалковски.

Спонзорство на Бузалковски е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button