КОШАРКАСПОРТ

Лилард со успешен деби настап, Леброн му пресуди на Феникс

Два одлични натпревари се одиграа во НБА лигата и двата ги добија домашните екипи во возбудлива завршница. Милвоки ја совлада Филаделфија со 118:117, додека Лос Анџелес Лејкерс го победи Феникс со 100:95.

Демијан Лилард имаше совршено деби за Бакс пред публиката во Висконсин. Лилард постигна 39 поени и беше најзаслужен за триумфот на својот тим. Покрај Лилард, во победничкиот тим се истакна Адетокунбо со 23 поени и 13 скока, додека Брук Лопез имаше 13 поени. Во редовите на Филаделфија, Макси стигна до 31, Убре 27, а првата ѕвезда на тимот Џоел Ембиид забележа 24 поени и седум скока.

Лејкерси го добија Феникс без Букер и Бил, благодарение на одличната одбрана во последниот дел и инспирираниот Леброн Џејмс. Пред последните 12 минути Санс имаа 12 поени предност, но во 10 минути од четвртата четвртина постигнаа само три поени, тројка на Кевин Дурент.

Тимот од Лос Анџелес полека ја намалуваше разликата, а потоа направи пресврт во мечот, најмногу благодарение на Џејмс кој во самата завршница постигна 10 поени. Леброн стигна до 21 поен, осум скока и девет асистенции. Дејвис беше најефикасен во редовите на победниците со 30 поени и 12 скока. Со гостите од Аризона, Дурент го презеде целиот товар на себе. Тој стигна до 39 поени и 11 скока.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button