СПОРТФУДБАЛ

Салах, најефикасен играч на некој англиски клуб во Eвропa

Мохамед Салах влезе во историјата како најефикасен играч на некој англиски клуб во европските натпреварувања.

Ливерпул, во третото коло во Лига Европа, го совладаа Тулуз со 5:1, а последниот гол на натпреварот го постигна Мо Салах. Тој во игра влезе во 70. минута наместо Рајан Гравенберх и во 90+3. минута го постави конечниот резултат.

Тоа беше 43. гол за Салах во европските натпреварувања, со што го престигна легендарниот Французин Тиери Анри, кој постигна гол помалку во дресот на Арсенал.

Во 2023 година, Мо Салах одигра 38 натпревари за Ливерпул, постигна 22 гола и забележа 14 асистенции. Статистичарите пресметале дека тој постигнувал гол или имал асистенција на секои 86 минути.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button