СПОРТФУДБАЛ

Cмртни закани од мафијаши до Анхел Ди Марија

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија добил смртни закани од мафијаши, откако се појавија шпекулации дека ќе се врати во Росарио Централ.

Ди Марија сака да ја заврши кариерата во аргентинскиот тим, но на одредени мафијаши не им се допаѓа таа идеја.

„Кажете му на вашиот син Анхел да не се враќа во Росарио или во спротивно ќе биде убиен член од блиското семејство. Ниту гувернерот на Росарио нема да го спаси. Ние не оставаме пораки, туку мртви тела“, биле пораките испратени до семејството на Аргентинецот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button