
Луѓето со целијакија долго време се загрижени за можното пренесување на глутен преку бакнување. Но, ново истражување презентирано на конференцијата „Недела на дигестивни болести“ (DDW) 2025 во САД сега покажува дека бакнувањето партнер кој неодамна консумирал глутен носи само минимален ризик.
Студијата ја водеше д-р Ен Ли, доцент по нутриционистичка медицина на Универзитетот Колумбија во САД.
Сите се грижат дали глутенот ќе влезе во храната во рестораните, но никој навистина не се запрашал што се случува кога ќе се бакнете потоа, рече д-р Ли.
Десет парови, од кои еден имал целијакија, учествувале во две сесии на бакнување. Во првиот случај, партнерот кој не страдал од целијакија изел 10 крекери и чекал пет минути пред да се бакне. Во втората, тој испи околу 120 милилитри вода пред бакнежот.
Научниците ја анализирале плунката на партнерите со целијакија по секој бакнеж. Во двата случаи, нивоата на глутен останаа под 20 делови на милион, границата што се смета за безбедна за производи без глутен. Дури и кога бил присутен глутен, количината се сметала за занемарлива.
Советите што ги дадовме за бакнувањето и целијачната болест се темелеа на претпазливост и претпоставки. Го користевме сопствениот суд. Пациентите со целијачна болест можат да бидат порелаксирани, знаејќи дека ризикот… може да се намали на безбедно ниво со пиење чаша вода по јадење храна што содржи глутен, објасни д-р Ли.
Извор: Еурекалерт