МЕТРОПОЛ

Дали сте слушнале за “Бунарот на вештерките”

„Бунарот на вештерките“ е несекојдневно атрактивно место во естонското село Тухала. Овој бунар во поголемиот дел од времето изгледа многу нормално и не е поразличен од кој било друг. Но,  кога има силен наплив на подземна вода, тој почнува да исфрла огромни количини вода над површината и го поплавува целиот предел околу него, буквално формирајќи мало езерце.

Според легендата, вештерките од Тухала се собираат во подземната сауна и меѓусебно жестоко се тепаат со брезови гранчиња, несвесни за хаосот што го предизвикуваат на површината.

Но, вистината е дека бунарот се наоѓа над подземна река, а не дека станува збор за некаква кавга или тепачка меѓу вештерките кои живеат во подземјето. Кога поројните дождови ќе го преполнат коритото на реката, притисокот на водата станува толку силен, што од бунарот почнува да блика огромна количина вода. Ова чудо на природата најчесто трае неколку дена.

Бунарот е само 2,5 метра длабок, но поради силниот подземен притисок, млазот вода може да достигне висина до половина метар над површината, а од овој бунар може да се излеат до неверојатни 100 литри вода во секоја секунда.

„Бунарот на вештерките“  е многу популарен во Естонија и соседните земји од Балтикот и секоја година е посетуван од 15.000 – 20.000 љубители на дивата природа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button